Наслов на наставниот предмет | Организациско однесување |
Код | MGT 130 |
Професор | Вон.проф.д-р Александра Јанеска –Илиев проф. д-р Љубомир Дракулевски |
Предуслови за запишување на предметот | Нема |
Цели на предметната програма (компетенции):
По завршувањето на наставата и положувањето на овој предмет, студентите треба да бидат способни да:
- ги дефинираат клучните поими поврзани со организациското однесување;
- ги објаснат различни концепти за однесувањето и клучните варијабли кои влијаат на однесувањето на поединците ;
- ги објаснат и дискутираат групните процеси во рамките на организацијата, како и тимовите и тимското работење;
- да ги разберат и дискутираат конфликтите во рамките на организацијата, како и стратегии за надминување на истите
- го разберат и препознаат лидерството како многу значајна димензија на менаџерската професија и да ги препознаат вистинските лидериски димензии;
- ги објаснат мотивацијата и соодвeтно да знaат да ги користат различните елементи поврзани и со мотивацијата;
- ја анализираат моќта во организацијата, зошто постојат и како треба да се организираат политичките процеси во неа;
Содржина на предметната програма:
- Вовед
- Запознавање со основните теоретски рамки поврзани со организациското однесување
- Поединецот и организацијата
- Групата и групните процеси во организацијата
- Тимовите и тимското работење
- Интегрирање на поединците, групите и организациите
- Лидерство
- Организациска култура