Дигитална економија

Наслов на наставниот предметДигитална економија
КодEBU 210
ПрофесорПроф.д-р Калина Треневска Благоева
Предуслови за запишување на предметотНема

Цели на предметната програма (компетенции):

По совладувањето на наставната содржина студентите треба да бидат способни за:

  • да ја разберат суштината и значењето и на дигиталната економија и современите трендови;
  • да ги осознаат главните компоненти на дигиталната економија;
  • создавање на вредност во дигиталната економија (платформизација и економска вредност на податоците) како и зафаќање на вредноста;
  • да ја разберат информацијата како економско добро, економиката на информациските добра и да се запознаат со нивните карактеристики, креирањето на цени и верзии;
  • да го разберат значењето на мрежните ефекти, заклученоста и стратегиите во мрежните пазари;
  • да ги осознаат начините како дигиталната трансформација го трансформира бизнисот и организациите преку конвергенција на користењето и купувањето;
  • политики, стратегии и дигитално претприемништво;
  • да ги осознаат функциите и карактеристиките на е-Владата;
  • да ги разберат политиките на глобален план и особено на ЕУ;
  • да бидат способни за работа во тимови;
  • да ги применуваат стекнатите знаења во анализа на нови можности на организациите во земјта

Содржина на предметната програма:

Ќе биде образложена дигиталната економија, главните компоненти и трендови. Внимание ќе се посвети на создавање на вредност и зафаќање на вредноста,како и анализа на трошоците и формирање цени кај информациите и суштината и економската вредност на податоците. Ќе се анализираат и карактеристиките на производите кои се најсоодветни за тргување преку интернет. Се изучуваат верзии на информации и креирање на врзопи на информации. Внимание ќе се посвети на менаџирање на заклученост, мрежни ефекти, како и на стратегиите во мрежни пазари. Се разгледуваат ефектите на дигиталната трансформација врз организациите, дигиталното претприемништво, стратегиите и политиките. Ќе се разгледуваат проблемите за мерење на вредноста во дигиталната економија. Ќе се разгледува и развој на концептот на еВлада во светот и во земјата.

Дигитална економија – предметна програма 2022/23