Наслов на наставниот предмет | Економика на Македонија |
Код | ECN 240 |
Професор | Проф. д-р Пеце Недановски |
Предуслови за запишување на предметот | Нема |
Цели на предметната програма (компетенции):
По завршувањето на наставата и положување на испитот, студентите треба да бидат способни:
да ги разбираат основните концепти на економскиот систем и економската политика, од теоретски и практичен аспект;
да ги познаваат методите за проучување на економските појави и за презентирање на сознанијата од аспект на нивната конкретна примена;
да ги разбираат одделните потсистеми во економскиот систем на Македонија преку идентификување на нивните основни карактеристики;
да ги знаат носителите, мерките и инструментите на економската политика и нивното влијание врз економските текови во една национална економија;
да ги анализираат конкретните мерки и инструменти на економската политика применети во македонската економија, врз основа на нивниот придонес во решавањето на одделни проблеми (економската нестабилност, инфлацијата, невработеноста и др.).
Содржина на предметната програма:
- Економскиот систем, економската политика и економската активност
- Развојот и карактеристиките на економскиот систем на Македонија
- Институционалната структура во економскиот систем на Македонија
- Цели, задачи и инструменти на економската политика на Македонија
- Структурата и структурните промени во стопанството на Македонија
- Невработеноста и инфлацијата во Македонија
- Економскиот раст и развој на Македонија.