Наслов на наставниот предмет | Јавни финансии |
Код | FIN 230 |
Професор | Сузана Макрешанска Младеновска |
Предуслови за запишување на предметот | Нема |
Цели на предметната програма (компетенции):
Основна цел на предметната програма е да се запознаат студентите со основните принципи на јавните финансии, оданочувањето и фискалната политика. По завршувањето на наставата и положувањето на предметот, студентите треба да се способни да:
- ги идентификуваат пазарните неуспеси и функциите на државата;
- разликуваат чисти јавни добра од приватни добра и добра обезбедени од државата;
- ги анализираат основните принципи на јавните расходи, оданочувањето и нивните ефекти врз домаќинствата и бизнис секторот;
- ги евалуираат концептите на еднаквост и ефикасност во оданочувањето;
- ги анализираат инструментите и целите на фискалната политика;
- ги разбираат фискалните односи помеѓу централната и локалните власти;
- дискутираат на теми поврзани со јавните финансии во нашата земја;
- пишуваат трудови и да прават презентации на теми поврзани со јавните финансии.
Содржина на предметната програма:
- Пазарен неуспех и функции на државата
- Јавни расходи и јавни приходи
- Принципи на даноците
- Еднаквост и ефикасност во оданочувањето
- Буџетски дефицит и јавен долг
- Фискална политика
- Фискални односи помеѓу различни нивоа на власт
- Јавни финансии во Р. Македонија (буџет и јавни расходи, даночен систем, јавен долг)