Наслов на наставниот предмет | Менаџмент на човечки ресурси |
Код | MGT 240 |
Професор | Проф. д-р Љупчо Ефтимов |
Предуслови за запишување на предметот | Нема |
Цели на предметната програма (компетенции):
По завршувањето на наставата и положувањето на овој предмет, студентите треба да бидат способни да:
- Ги осознаат разновидните активности и функции на менаџментот на човечки ресурси.
- Го планираат потребниот број и структура на вработените.
- Ги анализираат и обликуваат работите и работните места.
- Ги изберат соодветните методи за регрутирање и селекција на кандидатите.
- Ги обезбедат следење и оценување на успешноста на вработените.
- Ги задржат најквалитетните и најспособните вработени.
- Најдобро да ги искористат и развијат потенцијалите на секој вработен.
- Ги диференцираат методите на плаќање и наградување на вработените согласно нивниот ангажман во работењето.
- Содржина на предметната програма:
- Вовед во менаџментот на човечки ресурси
- Стратегиски менаџмент на човечки ресурси
- Анализа на работата
- Планирање на човечки ресурси
- Регрутација на човечки ресурси
- Селекција на човечки ресурси
- Обука на човечки ресурси
- Учење и развој на човечки ресурси
- Оценување на перформансите на човечките ресурси
- Плаќање на човечките ресурси
- Развој и управување со кариерата
- Управување со стресни состојби во организацијата