Наслов на наставниот предмет | Финансиско сметководство |
Код | ACC 210 |
Професор | Проф. д-р Атанаско Атанасовски |
Предуслови за запишување на предметот | Нема |
Цели на предметната програма (компетенции):
По завршувањето на наставата и положувањето на овој предмет, студентите треба да бидат способни да:
Совладување на практичната анализа, евиденција и книжење на сметководствените трансакции со помош на пропишаниот контен план
Примена на основните сметководствени принципи и претпоставки, прифатените сметководствени стандарди и законската регулатива во изработката на финансиските извештаи за општа намена
Да ги применат прифатените правила за сметководственото вреднување и прикажување на различните средства, обврски и елементи на капиталот
Соодветно признавање на приходите и спротивставување на расходите и подготовка на извештаи за резултатите за различни корисници на информации
Содржина на предметната програма:
- Поим и улога на финансиското сметководство
- Процес на сметководствена евиденција
- Финансиски извештаи
- Материјални нетековни средства
- Нематеријални средства
- Залихи
- Парични средства и побарувања
- Финансиски вложувања
- Обврски и резервирања
- Капитал
- Признавање на приходите и расходите
- Утврдување и известување за резултатите
- Сметководствена анализа на финансиските извештаи