Конечни ранг листи на примени кандидати во првиот уписен рок 2025/26
Почитувани бруцоши,
Искрено Ви честитаме на постигнатиот успех и приемот на Економскиот факултет – Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Со вашиот труд и резултати го заслуживте местото меѓу студентите на најдобриот факултет – лидер во високото образование во државата!
Ве очекува возбудливо академско патување исполнето со нови знаења, искуства и пријателства, можности за вклучување во проекти, како и поддршка од професори и служби кои секогаш се на располагање за Вас.
Ве охрабруваме да бидете активни, љубопитни и упорни – бидејќи токму тоа е патот кон успехот!
За полесна организација на уписот, Ве молиме да го почитувате распоредот за запишување по департмани:
3.9.2025 година, департман Е-БИЗНИС, Предавална 3, од 08:30-15:30
3.9.2025 година, департман МЕНАЏМЕНТ И ПРЕТПРИЕМНИШТВО, Предавална 5, од 08:30-15:30
3.9.2025 година, департман МЕЃУНАРОДНА ТРГОВИЈА, Служба за студентски прашања од 08:30-15:30
4.9.2025 година, департман ФИНАНСИИ, Предавална 3, од 08:30-15:30
4.9.2025 година, департман МАРКЕТИНГ, Предавална 5, од 08:30-15:30
5.9.2025 година, департман ЕКОНОМИЈА, Предавална 3, од 08:30-15:30
5.9.2025 година, департман СМЕТКОВОДСТВО И РЕВИЗИЈА, Предавална 5, од 08:30-15:30
За уписот Ве молиме да ги комплетирате следните документи:
-
Индекс
Достапен во кинижарниците во кампусот (индексот треба да е пополнет со личните податоци и задолжителни и изборни предмети од првиот семестар ЛИНК
-
Три фотографии
Две фотографии со димензии 3,5х4,5 и една со димензии 2х3
-
Статистички прашалник
Достапен во книжарниците во кампусот
-
Уплата за УКИМ ИКСА 750 денари (линк од пп50)
-
Уплата 100 денари за семестрални листови и листови за упис (линк од пп50)
-
За студентите примени во државна квота
Уплата од прва рата од 6.150 денари (линк од пп50)
-
За студентите примени во кофинансирање
Уплата од 12.300 денари (линк од пп50)
-
За вонредните студенти
Уплата од 12.300 денари(линк од пп50)
а) Набавка на материјални ресурси за реализација на студиските програми по семестар 1.000 денари
б) Набавка на онлајн ресурси за реализација на студиските програми по семестар уплата од 1.000 денари.
Овие два износи можат да се уплатат на една уплатница од вкупно 2000 денари (линк од пп50)
– студентите кои се примени на конечните ранг листи како специјални услови се ослободени од плаќање на ставките под а) и б)
– Договор за студирање- достапен на факултетот
Напишете коментар