Студиската програма на втор циклус студии – Маркетинг е во траење од 2 семестрa и вклучува изработка и на магистерски труд.
Структурата на предметите е следната:
- три задолжителни предмети утврдени со студиската програма според семестри на студирање
- три изборни предмети утврдени со студиската програма според семестри на студирање и
- еден изборен предмет од листата на предмети утврдени од страна на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Бројот на часовите за редовна настава и менторска настава се определува според бројот на пријавените студенти.
Студентот на втор циклус на студии може да пријави тези и тема за магистерски труд со образложение, откако ќе оствари 44 кредити со положување на испитите на студиумот на кој што е запишан. Магистерскиот труд носи 16 ЕКТС. За добивање звање магистер, студентот треба да оствари 60 ЕКТС согласно Законот за високо образование. По завршувањето на студиската програма студентот се стекнува со звањето: магистер по економски науки од областа на Маркетингот.
ЦЕЛИ
Цел на студиската програма од вториот циклус студии од областа на МАРКЕТИНГ е да им овозможи на студентите да се стекнат со продлабочени знаења од областа на маркетингот и со специфични вештини за примена на ова знаење во практиката. За остварување на овие цели студиската програма ги обработува теоретските аспекти на оваа област, фокусирајќи се и на нивната практична примена.
Со усвојувањето на сознанијата на оваа студиска програма, се очекува студентoт да ги демонстрира следниве знаења, способности и вештини:
Знаење и разбирање:
- Демонстрира знаење за маркетинг-концепцијата и нејзиното значење во работењето на современите бизниси.
- Покажува знаење за специфичните типови на потрошувачи и факторите кои што влијаат врз нивното однесување.
- Покажува знаење за различните методи кои се користат во маркетинг-истражувањето и примена на добиените резултати во работењето на компанијата.
- Демонстрира знаење за одделните елементи на маркетинг планот и различните стратегии кои се користат за успешно водење на бизнисот.
Примена на знаењето и разбирањето:
- Способен е за самостојно донесување одлуки во врска со производот, цената, дистрибуцијата и промоцијата како клучни аспекти од работењето на секоја компанија.
- Самостојно развива маркетинг-истражувачки проект, применувајќи ги знаењата за одделните фази од процесот на маркетинг-истражување.
- Самостојно ги анализира одделните маркетинг-инструменти и однесувањето на потрошувачите.
- Способен е да развие маркетинг-план и да предложи соодветни маркетинг-стратегии, согласно добиените резултати од истражувањето.
Способност за проценка:
- Покажува способност за оценка и избор на научни теории, методологии и алатки во подрачјето на маркетингот.
- Покажува способност за критичка оцена и споредба на маркетинг-тенденциите во земјата и во светот.
- Демонстрира способност за идентификување и прибирање на релевантни податоци, нивна анализа и интерпретација.
Комуникациски вештини:
- Поседува способност за самостојно учество во научни дискусии и за успешно комуницирање во професионален тим.
- Успешно ги применува принципите и кодексите на професионалното деловно комуницирање.
- Поседува разбирање на психолошките процеси врз основа на кои се базира однесувањето на потрошувачите, како и човековото однесување генерално.
Вештини на учење:
- Поседува развиени вештини за учење – читање, пишување, критичка анализа, интерактивно учество, набљудување.
- Демонстрира способност за критичка оцена на презентираните идеи, нуди оригинални решенија и успешно се справува со секоја поставена задача.
- Покажува способност за независно идентификување на своите лични потреби и интерес за континуирана едукација и професионален развој.
Понатамошни студии
Студентите можат да се запишат на докторски студии кои се организираат од страна на Економскиот факултет во Скопје, или на меѓународни универзитети во странство.
Изборни предмети
| Код | Полн назив на предметната програма | Наставник | Број на часови | ЕКТС |
|---|---|---|---|---|
| Зимски предмети | ||||
| МКТ 542 | Однесување на потрошувачите | проф. д-р Снежана Ристевска – Јовановска | 40 | 7 |
| МКТ 543 | Промоција | проф. д-р Анита Циунова – Шулеска | 40 | 7 |
| МКТ 544 | Политика на производот | проф. д-р Ежени Брзовска | 40 | 7 |
| МКТ 545 | Дистрибуција со методи на продажба | проф. д-р Снежана Ристевска – Јовановска | 40 | 7 |
| МКТ 548 | Меѓународен маркетинг | проф. д-р Ежени Брзовска | 40 | 7 |
| МКТ 549 | Маркетинг на услуги | проф. д-р Снежана Ристевска – Јовановска | 40 | 7 |
| МКТ 5410 | Политика на цени во маркетингот | проф. д-р Даниела Мамучевска | 40 | 7 |
| МКТ 5411 | Интернет маркетинг | проф. д-р Димитар Јовевски | 40 | 7 |
