Цели на студиската програма:
- Студентите да се здобијат со знаења за теориите, моделите и политиките на економскиот раст и развој и за меѓународното финансирање на развојот.
- Студентите да се здобијат со способности и вештини за продлабочена анализа и евалуација на различните развојни стратегии, макроекономски и микроекономски политики и механизмите и инструментите на меѓународното финансирање на развојот.
Република Северна Македонија, како земја во развој, настојува да изгради стартегија за оставрување повисоки стапки на економски раст и забран економски и општествен развој. За таа цел, од клучно значење е изборот на соодветни развојни макроекономски политики (фискална, монетарна), како и микроекономски политики, насочени кон пооделни сектори во економијата. Исто така, за македонската економија е важно обезбедувањето на дополнително странско штедење, т.е. финансиски капитал, со кој ќе се финансираат развојните проекти во јавниот и во приватниот сектор, па оттаму произлегува и значењето на познавањето на функционирањето на меѓународните финансиски пазари општо, како и на меѓународните финански институции (Светска банка, Меѓународен монетарен фонд и сл.) посебно. Тоа создава потреба од студиска програма за втор циклус студии од областа на економскиот развој и меѓународните финансии, која ќе понуди соодветни знаења, спсобности и вештини од овие области во рамките на економските науки. Ваквите знаења, способности и вештини се неопходни за сите оние кои се ангажирани во институциите од јавниот сектор во кои се дизајнираат и реализираат макроекономските и микроекономските политики, односно структурните реформи насочени кон создавање услови за забрзан економски раст и развој. Паралелно со тоа се јавува и потреба за научно-стручна и независна анализа и евалуација на спроведените економски политики и реформи, со цел предлагање мерки за поефикасно и поефективно спроведување на истите.
Студиската програма по Економски развој и меѓународни финансии е структурирана на начин што овозможува стекнување знаења и квалификации од пошироката област на економскиот раст и развој, макроекономските и развојните политики, како и меѓународните ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ И МЕЃУНАРОДНИ ФИНАНСИИ – ЕДНОГОДИШНИ СТУДИИ ЕКОНОМСКИ ФАКУЛТЕТ – СКОПЈЕ 15 финансиски пазари и развојното финансирање. По завршувањето на студиите од втор циклус по Економски развој и меѓународни финансии, студентите ќе се стекнат со знаење, вештини и компетенции кои ќе им овозможат да се ангажираат и унапредуваат во повеќе кариерни дисциплини: моделирање на процесот на економски раст, анализа и оценување на макроекономските и развојни политики, анализа и оценување на интеракцијата на финансискиот систем и економскиот раст.
Целината на знаења која ја нуди студиската програма по економски развој и меѓународни финансии ќе ги подготви студентите за успешна кариера и ќе им овозможи да се ангажираат во јавниот сектор и во приватниот деловен сектор. Во јавниот сектор: министерства (посебно за економските ресори: финансии, економија, социјална политика, екологија); понатаму, централната банка (НБРСМ), различни регулаторни агенции (Комисија за заштита на конкуренцијата, Агенција за електорнски комуникации и сл.) и др. Во приватниот сектор: банки и други финансиски институции, приватни трговски друштва од различни сектори; високо-образовни и научно-истражувачки институции, и др.
Според кадровската профилираност, магистрантите од оваа студиска програма ќе стекнат способности и квалификации за анализа и евалуација на: стратегиите и политиките на стимилирање на економскиот раст и развој; монетарната и фискалната политика и нивната координација; политиките на привлекување странски директни инвестиции и други форми на меѓународно финансирање на економскиот развој; политиките на пазарот на трудот и социјалните политики, политиките на заштита на конкуренцијата, економските ефекти на процесите на дигитализација, политиките на заштита на животната средина.
Код на предметот | Назив на наставниот предмет | Семестар | неделен фонд на часови | ЕКТС | |
---|---|---|---|---|---|
П | В | ||||
Задолжителни предмети | |||||
EDIF 510 | Економски раст и развој – теории и развојни политики | Прв | 40 | 6 | |
EDIF 520 | Современи макроекономски концепции и политики | Прв | 40 | 6 | |
EDIF 540 | Меѓународните финансиски пазари и институции и развојното финансирање | Прв | 40 | 6 | |
EDIF 530 | Странските директни инвестиции и глобалните синџири на вредноста | Прв | 40 | 6 | |
Изборен предмет | Втор | 40 | 6 | ||
Изборен предмет | Втор | 40 | 6 | ||
Изборен предмет | Втор | 40 | 6 | ||
Магистерски труд | Магистерски труд | Втор | 18 | ||
Изборни предмети | |||||
EDIF 550 | Економија и политики на дигитализација | Втор | 40 | 6 | |
EDIF 560 | Економија и политики на пазарот на трудот | Втор | 40 | 6 | |
EDIF 570 | Економија на благосостојбата и социјални политики | Втор | 40 | 6 | |
EDIF 580 | Економија на политиката за заштита на конкуренцијата | Втор | 40 | 6 | |
EDIF 591 | Економија и политики на заштита на животната средина | Втор | 40 | 6 | |
EDIF 590 | Методи на научно-истражувачка работа во економијата и бизнисот | Втор | 40 | 6 |