Последипломските студии на Економски развој и меѓународни финансии се организирани во три семестри, од кои во два семестри се организира настава, а во третиот се пријавува и се изработува магистерскиот труд. Студиите се состојат од 8 предмети за кои се организирани предавања, континуирана оценка и испитување на студентите. Бројот на часовите за редовна настава и менторска настава се определува според бројот на пријавените студенти.
Цели
Цел на студиската програма од вториот циклус студии од областа на ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ И МЕЃУНАРОДНИ ФИНАНСИИ е да им овозможи на студентите да се стекнат со продлабочени знаења од областа на економскиот развој и меѓународните финансии и со специфични вештини за примена на ова знаење во практиката. За остварување на овие цели студиската програма ги обработува теоретските аспекти на оваа област, фокусирајќи се и на нивната практична примена.
Со усвојувањето на сознанијата на оваа студиска програма, се очекува студентoт да ги демонстрира следниве знаења, способности и вештини:
Знаење и разбирање:
- да им понуди на студентите знаења за современите текови на развој на макроекономијата и на теоријата на економскиот раст и развој;
- оспособување на студентите да ги разбираат алтернативните можности за комбинирање на макроекономските политики во зависност од промените во макроекономското окружување;
- да им овозможи на студентите разбирање на процесот на економски раст и развој и политиките и институционалните реформи за постигнување побрз раст и одржлив развој;
- обезбедување современи знаења за тековите и механизмите на меѓународно финансирање на економскиот развој, пред се во земјите во развој, и нивното влијание врз Република Македонија;
- разбирање на структурните, технолошките и институционалните промени во меѓународната економија и меѓународното бизнис окружување.
Примена на знаењето и разбирањето:
- способности за анализа и формулирање стабилизациони макроекономски политики;
- способности за анализа и формулирање политики и реформи за забрзан економски раст и одржлив економски развој;
- знаења применливи во контекст на градењето односи на Република Македонија со клучните меѓународни економски и финансиски институции.
Способност за проценка:
- способност за проценка на макроекономската ситуација и клучните макроекономски проблеми и приоритети на РМ;
- способност за дијагностицирање на промените во меѓународното економском деловно и финансиско окружување со цел формулирање соодветни политики.
Комуникациски вештини:
- вештини за ефективно презентирање на јавноста и на стручните инстанци на макроекономките движења и параметри;
- вештини за ефективно презентирање на јавноста и на стручните инстанци на потребните мерки на макроекономските политики и реформите во економките институции.
Вештини на учење:
- вештини за анализа и разбирање на теоретските модели на модерната макроекономија и теоријата на економскиот раст и развој;
- вештини за емпириска анализа и разбирање на практичните аспекти на меѓународните економски и деловни односи.
Понатамошни студии
Студентите можат да се запишат на докторски студии кои се организираат од страна на Економскиот факултет во Скопје, или на меѓународни универзитети во странство.
Изборни предмети
Семестар | Код | Предмет | Часови | Кредити | Предавачи |
---|---|---|---|---|---|
Зимски | ER UKIM | Изборен предмет од Листа на УКИМ | 40 | 2 | |
Летен | ER 503055 | Технолошкиот развој и глобализацијата | 40 | 7 | Гоце Петрески |
Летен | ER 503058 | Меѓународни финансиски и трговски институции и економскиот развој | 40 | 7 | Наталија Николовска |
Летен | ER 503056 | Меѓународниот бизнис и економскиот развој | 40 | 7 | Бобек Шуклев |
Летен | ER 503057 | Меѓународна економија | 40 | 7 | Ирена Кикеркова |