Цел на студиската програма од вториот циклус студии од областа на Европски студии е да им овозможи на студентите да се стекнат со продлабочени знаења од областа на европските студии и со специфични вештини за примена на ова знаење во практиката. За остварување на овие цели студиската програма ги обработува теоретските аспекти на оваа област, фокусирајќи се и на нивната практична примена.
Со усвојувањето на сознанијата на оваа студиска програма, се очекува студентoт да ги демонстрира следниве знаења, способности и вештини:
Знаење и разбирање:
- Покажува знаење и разбирање за актуелните аспекти на процесот на регионално интегрирање, со посебен акцент на процесите во рамките на Европската унија.
- Покажува знаење и разбирање за актуелните аспекти на заедничките политики на Европската унија.
- Покажува знаење за практиката, политиките и регулативата на Европската унија заради потребата од хармонизација на националната регулатива и практика на Република Северна Македонија со еврoпското законодавство.
- Покажува знаење за европското бизнис окружување и начините за подигање на конкурентноста на нашите фирми на европскиот пазар преку избор на соодветна стратегија, компатибилна со современата меѓународна бизнис практика.
Примена на знаењето и разбирањето:
- Успешно ги интерпретира случувањата во процесите на регионално интегрирање, особено во рамките на Европската унија;
- Ги користи знаењата за заземање критички став за предностите и слабостите на заедничките политики на Европската унија;
- Професионално ги користи знаењата за преземање на потребните реформи што треба да се спроведат во земјата заради стекнување на статусот на полноправна членка на ЕУ;
- Ги применува знаењата за европското бизнис окружување во насока на подигнување на конкурентноста на домашните компании за настап на Внатрешниот европски пазар.
Способност за проценка:
- Покажува способност за изведување заклучок или мислење за предностите и недостатоците на процесот на регионално интегрирање;
- Покажува способност за прибирање, анализирање, оценка и презентирање информации за поважните заеднички политики на Европската унија и за предложените решенија во нивни рамки;
- Демонстрира способност за проценка на потребните реформски чекори во земјата за стекнување на статусот на полноправна членка на ЕУ;
- Покажува способност за препознавање на можностите за подигнување на конкурентноста на домашните компании за настап на Внатрешниот европски пазар.
Комуникациски вештини
- Поседува способност за професионална комуникација со други професионалци од соодветната област, како и со претставници на институциите на системот;
- Покажува способност да функционира ефикасно како дел од професионален тим ангажиран на проекти во врска со евроинтеграциските процеси;
- Покажува способност за независно учество во научни и професионални дискусии, како и учество во научно-истражувачки проекти;
- Поседува критички способности за предлагање мерки и решенија во врска со измените на условите во европското бизнис окружување.
Вештини на учење:
- Поседува способност за анализирање, разбирање, меморирање и истражување на содржини од областа на Евроинтеграциите;
- Поседува способност за правилно организирање и користење на времето;
- Поседува способност за критичка анализа и генерирање на идеи во насока на решавање проблеми од секојдневната практика;
- Покажува интерес за континуирана едукација и професионален развој на повисоки образовни нивоа.
Квалификација која се стекнува:
Магистер по Европски студии.
Изборни предмети
Семестар | Код | Предмет | Часови | Кредити | Предавачи |
---|---|---|---|---|---|
Зимски | EUS 517 | Европско бизнис окружување | 30 | 7 | проф. д-р Љубомир Дракулевски; проф. д-р Стојан Дебарлиев |
Зимски | EUS | Единствен пазар на ЕУ | 30 | 7 | проф. д-р Елена Макреска Дисоска; проф. д-р Сашо Геориевски |
Зимски | EUS 518 | Социјална политика и пазар на трудот во ЕУ | 30 | 7 | проф. д-р Предраг Трпески; проф. д-р Билјана Ташевска-Калкаплиева |
Летен | EUS 511 | Современи тенденции во светското стопанство | 30 | 7 | проф. д-р Ирена Кикеркова; проф. д-р Катерина Тошевска-Трпчевска |
Летен | EUS UKIM | Изборен предмет од Листа на УКИМ | 30 | 2 |