Автор: user38

  • Трет циклус – Конкурс за упис / Список на ментори 2025/2026

    СТУДИСКА ПРОГРАМА – ЕКОНОМСКИ НАУКИ

    Ментор Слободни места Контакт
    1 Проф.д р Горан Петревски 2 Goran.Petreski@eccf.ukim.edu.mk
    2 Проф.д р Снежана Ристевска Јовановска 1 Snezana.Ristevska-Jovanovska@eccf.ukim.edu.mk
    3 Проф.д р Ирена Кикеркова 2 Irena.Kikerkova@eccf.ukim.edu.mk
    4 Проф.д р Љубомир Кекеновски 1 Ljubomir.Kekenovski@eccf.ukim.edu.mk
    5 Проф.д р Анита Циунова Шулеска 1 Anita.Ciunova@eccf.ukim.edu.mk
    6 Проф.д-р Кирил Јовановски 1 Kiril.Jovanovski@eccf.ukim.edu.mk
    7 Проф.д-р Љубомир Дракулевски 1 ljubomir.drakulevski@eccf.ukim.edu.mk
    8 Проф.д-р Игор Ивановски 2 Igor.Ivanovski@eccf.ukim.edu.mk
    9 Проф.д-р Предраг Трпески 2 predrag.trpeski@eccf.ukim.edu.mk
    10 Проф.д-р Стојан Дебарлиев 2 Stojan.Debarliev@eccf.ukim.edu.mk
    11 Проф.д-р Трајко Славески 3 Trajko.Slaveski@eccf.ukim.edu.mk
    12 Проф.д-р Љупчо Ефтимов 1 Ljupco.Eftimov@eccf.ukim.edu.mk
    13 Проф.д-р Билјана Ташевска 2 Biljana.Tashevska@eccf.ukim.edu.mk
    14 Проф.д-р Александар Наумоски 1 Aleksandar.Naumoski@eccf.ukim.edu.mk
    15 Проф.д-р Михаил Петковски 1 Mihail.Petkovski@eccf.ukim.edu.mk
    16 Проф.д-р Сашо Косев 2 Saso.Kosev@eccf.ukim.edu.mk
    17 Проф.д-р Николина Паламидовска Стерјадовска 3 Nikolina.Palamidovska-Sterjadovska@eccf.ukim.edu.mk
    18 Проф.д-р Борче Треновски 2 Borce.Trenovski@eccf.ukim.edu.mk
    19 Проф.д-р Владимир Филиповски 1 Vladimir.Filipovski@eccf.ukim.edu.mk
    20 Проф.д-р Катерина Тошевска Трпчевска 3 Katerina.Tosevska@eccf.ukim.edu.mk
    21 Проф.д-р Елена Макревска Дисоска 3 Elena.Makrevska@eccf.ukim.edu.mk
    22 Проф.д-р Леонид Наков 1 Leonid.Nakov@eccf.ukim.edu.mk
    23 Проф.д-р Зорица Б. Лазаревска 1 zorica.bozinovska.lazarevska@eccf.ukim.edu.mk

    СТУДИСКА ПРОГРАМА – ОРГАНИЗАЦИСКИ НАУКИ И УПРАВУВАЊЕ (МЕНАЏМЕНТ)

    Ментор Слободни места Контакт
    1 Проф.д р Анита Циунова Шулеска 2 Anita.Ciunova@eccf.ukim.edu.mk
    2 Проф.д р Снежана Ристевска Јовановска 1 Snezana.Ristevska-Jovanovska@eccf.ukim.edu.mk
    3 Проф.д-р Лидија Пулевска Ивановска 2 Lidija.Pulevska@eccf.ukim.edu.mk
    4 Проф.д-р Сашо Јосимовски 1 Saso.Josimovski@eccf.ukim.edu.mk
    5 Проф.д-р Зорица Божиновска Лазаревска 1 Zorica.Bozinovska-Lazarevska@eccf.ukim.edu.mk
    6 Проф.д-р Предраг Трпески 1 predrag.trpeski@eccf.ukim.edu.mk
    7 Проф.д-р Игор Ивановски 2 Igor.Ivanovski@eccf.ukim.edu.mk
    8 Проф.д-р Мијалче Санта 2 mijalche.santa@eccf.ukim.edu.mk
    9 Проф.д-р Љубомир Дракулевски 1 ljubomir.drakulevski@eccf.ukim.edu.mk
    10 Проф.д-р Стојан Дебарлиев 2 Stojan.Debarliev@eccf.ukim.edu.mk
    11 Проф.д-р Никола Левков 3 Nikola.Levkov@eccf.ukim.edu.mk
    12 Проф.д-р Љупчо Ефтимов 1 Ljupco.Eftimov@eccf.ukim.edu.mk
    13 Проф. д-р Александар Наумоски 1 BAleksandar.Naumoski@eccf.ukim.edu.mk
    14 Проф.д-р Николина Паламидовска Стерјадовска 3 Nikolina.Palamidovska-Sterjadovska@eccf.ukim.edu.mk
    15 Проф.д-р Леонид Наков 1 Leonid.Nakov@eccf.ukim.edu.mk

    СТУДИСКА ПРОГРАМА – СТАТИСТИЧКИ МЕТОДИ ЗА БИЗНИС И ЕКОНОМИЈА

    Ментор Слободни места Контакт
    1 Проф.д-р Весна Буцевска 3 Vesna.Bucevska@eccf.ukim.edu.mk
    2 Проф.д-р Марија Трпкова Несторовска 2 Marija.Trpkova-Nestorovska@eccf.ukim.edu.mk
  • Втор циклус – Упис на зимски семестар 2025/2026

    УПИС  НА ЗИМСКИ СЕМЕСТАР 2025/2026
    од 15- 19.9.2025
     година од 11,00 до 14,00 часот во Службата за втор циклус на студии

    Почитувани,

    Ве информираме дека во системот iknow e креиран зимскиот семестар 2025/2026 година и сите студенти кои се запишале во вториот  уписен рок или имаат предмети за презапишување во зимскиот семестар, пред да дојдат во службата треба задолжително да  направат online упис.

    Уписот е реализиран со поднесување на потребните документи во службата:

    • Образец за упис на семестар

    • Индекс

    • За студентите кои за прв пат имаат запишано летен семестар во вториот уписен рок 2024/2025 година

      Потребно е да извршат уплата од 500 евра во денарска противвредност по среден курс на Народна банка, уплатени на жиро сметката на Економски факултет – Скопје

    • За студентите кои за прв пат имаат запишано летен семестар во вториот уписен рок 2024/2025 година

      Само за студиумот по MBA in Strategic Human Resource Management потребно е да извршат уплата од 750 евра во денарска противвредност по среден курс на Народна банка, уплатени на жиро сметката на Економски факултет – Скопје

    Податоци за уплата (Образец ПП 50)

    Поле Вредност
    Уплатата се врши на Образец ПП 50
    Назив на примачот Економски факултет – Скопје
    Банка на примачот НБРМ
    Сметка 100000000063095
    Сметка на буџетски корисник 1600103697 788 10
    Приходна шифра и програма 723019    /    41

    Во Повикување на број-задолжување од левата страна на уплатата се потполнува Името на студиумот и целта на уплатата

    723019 / 1 за Сметководство и ревизија
    723019 / 2 за Европски студии
    723019 / 4 за Маркетинг
    723019 / 6 за Монетарна економија, финансии и банкарство
    723019 / 8 за МБА Менаџмент
    723019 / 9 за Економски развој и меѓународни финансии
    723019 / 10 за Менаџмент во осигурувањето
    723019 / 11 за Управување во јавен сектор
    723019 / 12 за Статистички методи за бизнис и економија
    723019 / 13 за Е-бизнис менаџмент
    723019/  14 за Стратегиски менаџмент на човечки ресурси
    723019 / 15 за Корпоративен финансиски менаџмент
    723019 / 16 за MBA in Strategic human resource management
    1. Потврди за уплата на:

    – 1000,00 денари (прва рата) за: набавка на материјални ресурси за реализација на студиските програми во текот на еден семестар

    – 1000,00 денари (прва рата) за: набавка на online ресурси за реализација на студиските програми во текот на еден семестар

    Уплатите од точка 2 треба да се извршат на следнава жиро сметка:

    – Назив на примачот: Буџет на РМ – ЕКОНОМСКИ ФАКУЛТЕТ – Скопје

    – Банка на примачот: НБРМ

    – Сметка: 100000000063095

    – Сметка на буџетски корисник: 1600103697  788  10

    – Приходна шифра: 723013

    – Програма 41

    1.  За студентите кои треба да презапишат предмет, надоместокот кој се уплаќа за презапишување на предмет е еднаков на бројот на ЕКТС кредити кои ги носи соодветниот предмет кој се презапишува помножен по 33,33 евра во денарска противредност. Вредноста на еден ЕКТС кредит се добива кога вкупната вредност (2.000 евра) на студирањето ќе се подели со бројот на ЕКТС кредити кои се остваруваат со завршување на вториот циклус на студии (60).

    Податоци за уплата (Образец ПП 50)

    Поле Вредност
    Уплатата се врши на Образец ПП 50
    Назив на примачот Економски факултет – Скопје
    Банка на примачот НБРМ
    Сметка 100000000063095
    Сметка на буџетски корисник 1600103697 788 10
    Приходна шифра и програма 723019    /    41
    1. Студентите кои ќе полагаат испити од летниот семестар во сесијата во јануари,  треба да направат online упис на празен зимски семестар 2025/2026, со уплата на  надомест од 1000 денари на Факултетската жиро сметка.

    Податоци за уплата (Образец ПП 50)

    Поле Вредност
    Уплатата се врши на Образец ПП 50
    Назив на примачот Економски факултет – Скопје
    Банка на примачот НБРМ
    Сметка 100000000063095
    Сметка на буџетски корисник 1600103697 788 10
    Приходна шифра и програма 723019    /    41
    ВАЖНО

    Доколку не сте биле активни во iкnow системот повеќе од 30 дена, лозинката се сметa за застарена и потребно е да креирате нова лозинка на Заборавена лозинка.Секое непочитување на дадениот термин, повлекува надомест за задоцнет упис!

    Со почит,
    Економски факултет – Скопје

  • Прв циклус – Прелиминарни ранг листи на пријавени кандидати во вториот уписен рок 2025

    Почитувани,

    Во прилог следат прелиминарните ранг листи на кандидатите кои се пријавиле за упис во вториот уписен рок на Економскиот факултет – Скопје, согласно Конкурсот за упис на нови студенти во учебната 2025-2026 година.

    Со почит,

    Економски факултет – Скопје

  • ПОВИК ЗА ТРУДОВИ 6-та Меѓународна научна конференција за економски и деловни трендови што ја обликуваат иднината(EBTSF-25)

    ноември 13 – ноември 14

    Почитувани колеги,

    Со задоволство го објавуваме Повикот за трудови за 6-та Меѓународна научна конференција за економски и деловни трендови што ја обликуваат иднината. Конференцијата ќе биде хибриден настан што ќе се одржи од 13 до 14 ноември 2025 година, на Економскиот факултет-Скопје, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопјe, Република Северна Македонија.

    На сите прифатени и презентирани трудови ќе им биде доделен DOI број, ќе бидат објавени во онлајн зборникот на трудови од конференцијата и ќе бидат индексирани во реномирани меѓународни бази на податоци. Конференцијата има за цел да ја зголеми глобалната видливост на презентираните истражувања преку нудење можност за поднесување истражувачки трудови за објавување. Избраните трудови ќе имаат можност да бидат проширени и објавени во списанието за економија, бизнис и развој и други реномирани публикации.(Publication – EBTSF).

    Ги покануваме академиците, практичарите и истражувачите да ги споделат своите идеи, знаења и искуства на конференцијата. Поднесувањата можат да бидат проширени апстракти или завршени истражувачки трудови. На посебна сесија за млади истражувачи и докторанти ќе бидат претставени проширени апстракти или докторски симпозиумски трудови, по што ќе следи дискусија. Темите на конференцијата се поврзани (но не се ограничени) на следново: сметководство, е-бизнис, економија, меѓународна трговија, финансии, менаџмент, маркетинг, математика и статистика и практична насока (т.е. насока за индустрија и бизнис).

    Детални описи на конференциските патеки се достапни на следниот линк:Track descriptions – EBTSF

    Крајниот рок за поднесување на трудови е Јули 15, 2025 година. Поднесувањата ќе се спроведат преку платформата EasyChair, каде што авторите можат да ги прикачуваат своите трудови почнувајќи од Јуни 1, 2025 година.

    Упатствата и упатствата на авторот може да се преземат ТУКА.

    Повеќе за важните датуми на: Important dates – EBTSF

    Слободно споделете го овој повик за трудови со вашите колеги и докторанти. Со нетрпение очекуваме повторно лично да се сретнеме со пријателите и колегите. Придружете ни се во Скопје за единствена можност да го проширите вашето знаење, да изградите нови врски и да се вклучите во соработка на меѓународна научна конференција.

    Со почит, Организациски одбор 6-та Меѓународна научна конференција за економски и деловни трендови што ја обликуваат иднината Економски факултет – Скопјe Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопјe

    Ноември 2025
    Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
    1 2
    3 4 5 6 7 8 9
    10 11 12 13 14 15 16
    17 18 19 20 21 22 23
    24 25 26 27 28 29 30
  • КОНКУРС за студентски мобилности во рамки на програмата ЕРАЗМУС+ за зимскиот семестар во академската 2025/2026 година

    УНИВЕРЗИТЕТОТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ” ВО СКОПЈЕ
    објавува

     КОНКУРС
     за студентски мобилности во рамки на програмата ЕРАЗМУС+
     АКЦИЈА 1: ИНДИВИДУАЛНА МОБИЛНОСТ ЗА СТУДЕНТИ
    за зимскиот семестар во академската 2025/2026 година

    Во рамки на програмата ЕРАЗМУС+ 131 на Европската комисија, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје распишува конкурс за доделување стипендии за индивидуална мобилност за студенти на високообразовните институции во програмските држави:

    • државите членки на ЕУ
    • државите членки на ЕФТА кои се и членки на ЕЕО (Норвешка, Исланд и Лихтенштајн)
    • Република Србија и Република Турција

    Конкурсот е отворен за

    • 11 студентски мобилности за студирање

    Времетраење на мобилноста : еден семестар (зимски семестар 2025/2026)

    Право на пријавување

    Редовни студенти на

    • прв циклус студии, со најмалку завршена прва година на студии, односно запишан трет   семестар
    • втор циклус студии
    • трет циклус студии

    Мобилноста се остварува во рамки на потпишани Еразмус+ договори меѓу УКИМ и високообразовни институции во програмските држави. (Види листа на Еразмус+ договори)

    *ЗА СТУДЕНТИТЕ НА ЕКОНОМСКИ ФАКУЛТЕТ-СКОПЈЕ: ЛИСТА НА ЕРАЗМУС+ ДОГОВОРИ (линк)

    Потребни документи за мобилност на студенти

    Сите документи за аплицирање се достапни на интернет-страната на Универзитетот Меѓународна соработка- ERASMUS+ или интернет-страната на факултетот:

    • пополнет формулар за пријавување (Student Application Form);
    • уверение за положени испити на македонски јазик;
    • уверение/диплома за познавање на англиски јазик или јазикот на кој се изведува наставата на ЕУ универзитетот издадена  од признат центар/школа за странски јазици;
    • уверение за редовен студент – запишан семестар/година (на македонски јазик);
    • кратка биографија (Europass model).
    • мотивациско писмо (на македонски јазик)

    Задолжително:

    за студентска мобилност за студирање:

    • договор за студирање (Learning Agreement for Studies) во кој се утврдува програмата за студирање, потпишана и одобрена од страна на студентот, матичниот факултет/Еразмус+ координаторот и  факултетот во странство (минимум 20 ЕКТС- максимум 30ЕКТС)

    Кандидатите за студентска мобилност за студирање од Економскиот факултет – Скопје, УКИМ лично ја поднесуваат апликацијата во три примерока до Центарот за кариера при Економскиот факултет – Скопје кој функционира и како Канцеларија за меѓународна соработка на факултетот и е во тесна соработка со Еразмус+ координаторот на Економскиот факултет, најдоцна до 22 април 2025 (вторник).

    (Еден примерок за досието на студентот во Центарот за кариера, еден примерок задржува студентот и еден примерок се доставува до Ректоратот на УКИМ)

    Еразмус+ координатор  за Економски факултет-Скопје

    Проф. д-р Елена Наумовска (Еразмус координатор)

    e-mail: erasmus@eccf.ukim.edu.mk
    +389 (0)2 3286-896

    Контакт лице за секакви информации поврзани со повикот, на Економскиот факултет – Скопје е:

    Канцеларија за меѓународна соработка – контакт информации :

    м-р Маријана Цветковска (Советник за меѓународна соработка)

    е-mail: marijanasekulovska@eccf.ukim.edu.mk  

    тел.02/3286-835

    Работно време: понеделник-петок 8.00-16.00 часот

    РАЗМЕНА НА СТУДЕНТИ- НАЈЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА 

    ПРОЦЕДУРИ ЗА МОБИЛНОСТ НА СТУДЕНТИ И НАСТАВЕН КАДАР

    Првичната селекција/рангирање на кандидатите ја прави факултетот/институтот согласно следниве критериуми:

    • академски успех
    • познавање на англиски јазик или јазикот на кој се изведува наставата
    • мотивација за реализирање на Еразмус+ мобилност

    Согласно Еразмус повелбата за високо образование 2021-2027, при селекцијата на кандидатите ќе се води сметка за вклучување на студентите со посебни потреби и помалку можности (Види Инклузија (поддршка) на студенти со посебни потреби и помалку можности)

    Краен рок за поднесување на рангираните апликации – студентска мобилност за студирање од страна на факултетите до Ректоратот е 25 април 2025.

    Висината на стипендијата/грант за студентите изнесува 606-674 ЕУР месечно, согласно земјата во која се престојува, види: (Листа за студирање)

    Патните трошоци и здравственото осигурување ги покриваат лично студентите.

    УНИВЕРЗИТЕТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ” ВО СКОПЈЕ

  • Предизвици во унапредување на екосистемот на претприемништвото, иновациите и одржливоста

    кономски факултет – Скопје беше домаќин на семинар фокусиран на иднината на претприемништвото, иновативноста и одржливоста во регионот организиран од Катедрата за менаџмент и поддржан од проектот USE IPM.

    Семинарот насловен „Предизвици во унапредување на екосистемот на претприемништвото, иновациите и одржливоста“ ги обедини учесниците од високото образование, индустријата и граѓанското општество во отворена дискусија насочена кон истражување на заедничките предизвици и размена на перспективи.

    Со поддршка на проектниот тим на USE IPM и Катедрата за менаџмент, настанот беше фасилитиран од проф. д-р Александра Јанеска-Илиев, која ја водеше дискусијата и придонесе за динамична размена на идеи за поттикнување на одржливиот развој и меѓусекторската соработка.

    На семинарот беа прикажани сознанија и искуства од водечки професионалци:

    🔹 Проф. д-р Стојан Дебарлиев, раководител на Јунус центарот за социјални бизниси кој ги презентираше прелиминарните наоди од истражувањето за локалниот претприемачки екосистем, поставувајќи ја основата за понатамошни истражувања.

    🔹 Маја Раванска, програмска менаџерка во Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој „Паблик“ и коосновачка и одговорна уредничка на Платформата за одржлив развој „Лице в лице“, го сподели своето искуство со потфатите за социјално претприемништво и нивното влијание.

    🔹 Гого Рафајловски, оперативен менаџер во „Networker“ и ангел-инвеститор во „Zephyr Angels“ се осврна на предизвиците поврзани со стартап заедницата со фокус на финансирање и раст на нови бизнис идеи.

    Клучните препораки од семинарот ја истакнаа потребата од поттикнување култура на иновации, поддршка на еколошките технологии, промоција на регионалното лидерство и градење трајни меѓусекторски партнерства за одржлив раст.

  • Повик за учество на NextBank, награден хакатон за студенти, во организација на НЛБ Банка и Економски фaкултет – Скопје!

    Покана за учество на NextBank Хакатон: BankAI!

     Дали имаш идеи кои ќе го обликуваат идниот банкарски свет?

     Дали сакаш да ги користиш своите вештини во вештачка интелигенција и да ги примениш за создавање на иновации во банкарството?

     Придружи се на NextBank двoдневен хакатон на кој ти ќе бидеш двигател на иднината во банкарството!

    Можност за студентите на Економски факултет – Скопје и студентите од останатите факултети од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј – Скопје“ да се приклучат на NextBank Хакатон и да бидат дел од иднината на банкарството, користејќи ja вештачката интелигенција!

    NextBank: BankAI  Student-driven AI Innovation in Banking Датум: 16.06 – 20.06.2025

    Локација: Економски факултет Скопје

    Зошто да учествуваш?

    • Развивање иновации за банкарскиот сектор користејќи
    • Работа во тимови со студенти од различни факултети, размена на идеи и креативни решенија.
    • Трансформација на различни аспекти на банкарското работење: од подобрување на корисничкото искуство, пакет за млади до детектирање на измами и одржливи вложувања.
    • Менторска поддршка од експерти во финансискиот и академскиот сектор.

    Како ќе изгледа процесот?

    • Ден 1: Воведни предавања и презентација на предизвиците, формирање на тимови и brainstorming сесии со ментори.
    • Ден 2: Развивање на идеи, подготовка на финални презентации и нивно претставување пред комисија составена од банкарски експерти. Награди

    Натпреварувај се за:

    • 1000 евра за тимот кој ќе освои прво место
    • 750 евра за тимот кој ќе освои второ место
    • 500 евра за тимот кој ќе освои трето место
    • Пристап за наградените до Udemy learning платформата до крајот на 2025 година
    • Учество на развојни обуки и тренинзи во организација на Банката
    • Можност за продолжување на соработката преку учество во други или слични проекти во банката, практична работа или кариерен почеток.

    Како да учествуваш?

    1. Пријави се како поединец (ќе бидете распределени во тим) или во тим од 3 до 5 студенти (студенти од различни факултети и дисциплини се охрабрени да се пријават).
    2. Пријави се или пријави тим на nlbhackathon@nlb.mk најдоцна до 06.2025 година со достава на кратка предлог идеја за иновација во банкарството.
    3. Размисли за иновативни AI решенија кои ќе ја трансформираат банкарската индустрија.

  • Конкурс за годишна награда за млади истражувачи за најдобар труд од областа на управување со ризици и осигурување во Република Северна Македонија за 2025 година

    Со цел стимулирање на развојот на научната мисла и изработка на трудови од областа на управување со ризици и осигурување во Република Северна Македонија, како и афирмација на млади и стручни кадри, Агенцијата за супервизија на осигурување доделува годишна награда за 2025 година за истражувачки труд од областа на управување со ризици и осигурување во Република Северна Македонија.

    Годишната награда на Агенцијата за супервизија на осигурување изнесува 80.000 денари.

    Трудот задолжително треба да содржи и осврт кон македонската економија на соодветната тема. Трудот не смее да надминува 15.000 зборови (без апстракт, библиографија и анекси) и препорачливо е да има стандардна структура на научно истражување кое ги содржи следните основни делови:

    • апстракт;
    • осврт на консултираната современа странска и домашна, научна и експертска литература од областа која се истражува;
    • опис на научно истражувачката методологија која се користи во трудот;
    • анализа;
    • заклучни согледувања и
    • библиографија. 

    Право за учество на конкурсот имаат државјани на Република Северна Македонија до триесет и петгодишна возраст, односно до денот на доделувањето на наградата на 01.11.2025 година, учесниците не треба да имаат наполнети триесет и шест години. Учесниците кои имаат стекнато титула доктор на науки до денот на поднесувањето на трудот немаат право на учество на конкурсот.

    Трудовите се поднесуваат на македонски, албански или англиски јазик.

    Трудовите се поднесуваат до Агенцијата за супервизија на осигурување  по електронски пат, на адреса: konkurs@aso.mk, со назнака: „За годишна награда на Агенцијата за супервизија на осигурување за 2025 година“.

    Краен рок за доставување на трудовите е 30.9.2025 година.

    Информацијата за Конкурсот е достапна на следниот линк: