Категорија: Новости

  • Одржаната креативна работилница во организација на Катедрата Маркетинг

    Одржаната креативна работилница во организација на Катедрата Маркетинг

    Со големо задоволство ве информираме дека на 7 март 2025 година успешно се одржа креативната работилница – хакатон, организирана од Катедрата Маркетинг. На настанот, учесниците во тимови работеа на развој на маркетинг-стратегија за воведување на нов производ на македонскиот пазар – специјални сосови под брендот на познат ресторан во Скопје.

    Во одлична работна атмосфера, тимовите покажаа исклучителна креативност и стручност, нудејќи иновативни и квалитетни решенија. Благодарност до сите учесници за посветеноста и ентузијазмот!

    Со почит,
    Економски факултет – Скопје, УКИМ

  • КОНКУРС за студентски мобилности во рамки на програмата ЕРАЗМУС+ за зимскиот семестар во академската 2025/2026 година

    УНИВЕРЗИТЕТОТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ” ВО СКОПЈЕ
    објавува

     КОНКУРС
     за студентски мобилности во рамки на програмата ЕРАЗМУС+
     АКЦИЈА 1: ИНДИВИДУАЛНА МОБИЛНОСТ ЗА СТУДЕНТИ
    за зимскиот семестар во академската 2025/2026 година

    Во рамки на програмата ЕРАЗМУС+ 131 на Европската комисија, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје распишува конкурс за доделување стипендии за индивидуална мобилност за студенти на високообразовните институции во програмските држави:

    • државите членки на ЕУ
    • државите членки на ЕФТА кои се и членки на ЕЕО (Норвешка, Исланд и Лихтенштајн)
    • Република Србија и Република Турција

    Конкурсот е отворен за

    • 11 студентски мобилности за студирање

    Времетраење на мобилноста : еден семестар (зимски семестар 2025/2026)

    Право на пријавување

    Редовни студенти на

    • прв циклус студии, со најмалку завршена прва година на студии, односно запишан трет   семестар
    • втор циклус студии
    • трет циклус студии

    Мобилноста се остварува во рамки на потпишани Еразмус+ договори меѓу УКИМ и високообразовни институции во програмските држави. (Види листа на Еразмус+ договори)

    *ЗА СТУДЕНТИТЕ НА ЕКОНОМСКИ ФАКУЛТЕТ-СКОПЈЕ: ЛИСТА НА ЕРАЗМУС+ ДОГОВОРИ (линк)

    Потребни документи за мобилност на студенти

    Сите документи за аплицирање се достапни на интернет-страната на Универзитетот Меѓународна соработка- ERASMUS+ или интернет-страната на факултетот:

    • пополнет формулар за пријавување (Student Application Form);
    • уверение за положени испити на македонски јазик;
    • уверение/диплома за познавање на англиски јазик или јазикот на кој се изведува наставата на ЕУ универзитетот издадена  од признат центар/школа за странски јазици;
    • уверение за редовен студент – запишан семестар/година (на македонски јазик);
    • кратка биографија (Europass model).
    • мотивациско писмо (на македонски јазик)

    Задолжително:

    за студентска мобилност за студирање:

    • договор за студирање (Learning Agreement for Studies) во кој се утврдува програмата за студирање, потпишана и одобрена од страна на студентот, матичниот факултет/Еразмус+ координаторот и  факултетот во странство (минимум 20 ЕКТС- максимум 30ЕКТС)

    Кандидатите за студентска мобилност за студирање од Економскиот факултет – Скопје, УКИМ лично ја поднесуваат апликацијата во три примерока до Центарот за кариера при Економскиот факултет – Скопје кој функционира и како Канцеларија за меѓународна соработка на факултетот и е во тесна соработка со Еразмус+ координаторот на Економскиот факултет, најдоцна до 22 април 2025 (вторник).

    (Еден примерок за досието на студентот во Центарот за кариера, еден примерок задржува студентот и еден примерок се доставува до Ректоратот на УКИМ)

    Еразмус+ координатор  за Економски факултет-Скопје

    Проф. д-р Елена Наумовска (Еразмус координатор)

    e-mail: erasmus@eccf.ukim.edu.mk
    +389 (0)2 3286-896

    Контакт лице за секакви информации поврзани со повикот, на Економскиот факултет – Скопје е:

    Канцеларија за меѓународна соработка – контакт информации :

    м-р Маријана Цветковска (Советник за меѓународна соработка)

    е-mail: marijanasekulovska@eccf.ukim.edu.mk  

    тел.02/3286-835

    Работно време: понеделник-петок 8.00-16.00 часот

    РАЗМЕНА НА СТУДЕНТИ- НАЈЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА 

    ПРОЦЕДУРИ ЗА МОБИЛНОСТ НА СТУДЕНТИ И НАСТАВЕН КАДАР

    Првичната селекција/рангирање на кандидатите ја прави факултетот/институтот согласно следниве критериуми:

    • академски успех
    • познавање на англиски јазик или јазикот на кој се изведува наставата
    • мотивација за реализирање на Еразмус+ мобилност

    Согласно Еразмус повелбата за високо образование 2021-2027, при селекцијата на кандидатите ќе се води сметка за вклучување на студентите со посебни потреби и помалку можности (Види Инклузија (поддршка) на студенти со посебни потреби и помалку можности)

    Краен рок за поднесување на рангираните апликации – студентска мобилност за студирање од страна на факултетите до Ректоратот е 25 април 2025.

    Висината на стипендијата/грант за студентите изнесува 606-674 ЕУР месечно, согласно земјата во која се престојува, види: (Листа за студирање)

    Патните трошоци и здравственото осигурување ги покриваат лично студентите.

    УНИВЕРЗИТЕТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ” ВО СКОПЈЕ

  • Предизвици во унапредување на екосистемот на претприемништвото, иновациите и одржливоста

    кономски факултет – Скопје беше домаќин на семинар фокусиран на иднината на претприемништвото, иновативноста и одржливоста во регионот организиран од Катедрата за менаџмент и поддржан од проектот USE IPM.

    Семинарот насловен „Предизвици во унапредување на екосистемот на претприемништвото, иновациите и одржливоста“ ги обедини учесниците од високото образование, индустријата и граѓанското општество во отворена дискусија насочена кон истражување на заедничките предизвици и размена на перспективи.

    Со поддршка на проектниот тим на USE IPM и Катедрата за менаџмент, настанот беше фасилитиран од проф. д-р Александра Јанеска-Илиев, која ја водеше дискусијата и придонесе за динамична размена на идеи за поттикнување на одржливиот развој и меѓусекторската соработка.

    На семинарот беа прикажани сознанија и искуства од водечки професионалци:

    🔹 Проф. д-р Стојан Дебарлиев, раководител на Јунус центарот за социјални бизниси кој ги презентираше прелиминарните наоди од истражувањето за локалниот претприемачки екосистем, поставувајќи ја основата за понатамошни истражувања.

    🔹 Маја Раванска, програмска менаџерка во Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој „Паблик“ и коосновачка и одговорна уредничка на Платформата за одржлив развој „Лице в лице“, го сподели своето искуство со потфатите за социјално претприемништво и нивното влијание.

    🔹 Гого Рафајловски, оперативен менаџер во „Networker“ и ангел-инвеститор во „Zephyr Angels“ се осврна на предизвиците поврзани со стартап заедницата со фокус на финансирање и раст на нови бизнис идеи.

    Клучните препораки од семинарот ја истакнаа потребата од поттикнување култура на иновации, поддршка на еколошките технологии, промоција на регионалното лидерство и градење трајни меѓусекторски партнерства за одржлив раст.

  • Повик за учество на NextBank, награден хакатон за студенти, во организација на НЛБ Банка и Економски фaкултет – Скопје!

    Покана за учество на NextBank Хакатон: BankAI!

     Дали имаш идеи кои ќе го обликуваат идниот банкарски свет?

     Дали сакаш да ги користиш своите вештини во вештачка интелигенција и да ги примениш за создавање на иновации во банкарството?

     Придружи се на NextBank двoдневен хакатон на кој ти ќе бидеш двигател на иднината во банкарството!

    Можност за студентите на Економски факултет – Скопје и студентите од останатите факултети од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј – Скопје“ да се приклучат на NextBank Хакатон и да бидат дел од иднината на банкарството, користејќи ja вештачката интелигенција!

    NextBank: BankAI  Student-driven AI Innovation in Banking Датум: 16.06 – 20.06.2025

    Локација: Економски факултет Скопје

    Зошто да учествуваш?

    • Развивање иновации за банкарскиот сектор користејќи
    • Работа во тимови со студенти од различни факултети, размена на идеи и креативни решенија.
    • Трансформација на различни аспекти на банкарското работење: од подобрување на корисничкото искуство, пакет за млади до детектирање на измами и одржливи вложувања.
    • Менторска поддршка од експерти во финансискиот и академскиот сектор.

    Како ќе изгледа процесот?

    • Ден 1: Воведни предавања и презентација на предизвиците, формирање на тимови и brainstorming сесии со ментори.
    • Ден 2: Развивање на идеи, подготовка на финални презентации и нивно претставување пред комисија составена од банкарски експерти. Награди

    Натпреварувај се за:

    • 1000 евра за тимот кој ќе освои прво место
    • 750 евра за тимот кој ќе освои второ место
    • 500 евра за тимот кој ќе освои трето место
    • Пристап за наградените до Udemy learning платформата до крајот на 2025 година
    • Учество на развојни обуки и тренинзи во организација на Банката
    • Можност за продолжување на соработката преку учество во други или слични проекти во банката, практична работа или кариерен почеток.

    Како да учествуваш?

    1. Пријави се како поединец (ќе бидете распределени во тим) или во тим од 3 до 5 студенти (студенти од различни факултети и дисциплини се охрабрени да се пријават).
    2. Пријави се или пријави тим на nlbhackathon@nlb.mk најдоцна до 06.2025 година со достава на кратка предлог идеја за иновација во банкарството.
    3. Размисли за иновативни AI решенија кои ќе ја трансформираат банкарската индустрија.

  • Конкурс за годишна награда за млади истражувачи за најдобар труд од областа на управување со ризици и осигурување во Република Северна Македонија за 2025 година

    Со цел стимулирање на развојот на научната мисла и изработка на трудови од областа на управување со ризици и осигурување во Република Северна Македонија, како и афирмација на млади и стручни кадри, Агенцијата за супервизија на осигурување доделува годишна награда за 2025 година за истражувачки труд од областа на управување со ризици и осигурување во Република Северна Македонија.

    Годишната награда на Агенцијата за супервизија на осигурување изнесува 80.000 денари.

    Трудот задолжително треба да содржи и осврт кон македонската економија на соодветната тема. Трудот не смее да надминува 15.000 зборови (без апстракт, библиографија и анекси) и препорачливо е да има стандардна структура на научно истражување кое ги содржи следните основни делови:

    • апстракт;
    • осврт на консултираната современа странска и домашна, научна и експертска литература од областа која се истражува;
    • опис на научно истражувачката методологија која се користи во трудот;
    • анализа;
    • заклучни согледувања и
    • библиографија. 

    Право за учество на конкурсот имаат државјани на Република Северна Македонија до триесет и петгодишна возраст, односно до денот на доделувањето на наградата на 01.11.2025 година, учесниците не треба да имаат наполнети триесет и шест години. Учесниците кои имаат стекнато титула доктор на науки до денот на поднесувањето на трудот немаат право на учество на конкурсот.

    Трудовите се поднесуваат на македонски, албански или англиски јазик.

    Трудовите се поднесуваат до Агенцијата за супервизија на осигурување  по електронски пат, на адреса: konkurs@aso.mk, со назнака: „За годишна награда на Агенцијата за супервизија на осигурување за 2025 година“.

    Краен рок за доставување на трудовите е 30.9.2025 година.

    Информацијата за Конкурсот е достапна на следниот линк: