Наслов на наставниот предмет | Meѓународни организации и интеграции |
Код | INT 220 |
Професор | Проф. д-р Елена Макревска Дисоска |
Предуслови за запишување на предметот | Нема |
Цели на предметната програма (компетенции):
Цел на предметната програма Меѓународни организации и интеграции е да им овозможи на студентите да се стекнат со продлабочени знаења од областа на меѓународните економски односи и со специфични вештини за примена на тие знаења во практиката, покажувајки компетенции за идентификација, анализа и решавање проблеми. Со усвојувањето на сознанијата на оваа предметна програма, студентите ќе можат;
- Појмовно да ги разграничат интеграцијата и меѓузависноста и критички да ја оценат улогата на меѓународните организации и интеграции;
- Да ги оценат бенефициите и трошоците од членството (посебно за малите земји), а во таа смисла посебно и потребата од менување на надлежностите на одделни меѓународни организации и интеграции;
- Да го разберат основниот кодекс на однесување на меѓународните организации и интеграции, а тоа е почитувањето на институционалната рамка на секоја организација;
- Користејки ги комуникациските вештини, да ги идентификуваат обврските што произлегуваат од членството во одделна меѓународна организација и интеграција и да избираат најоптимално решение;
- Да ја оценат историската важност во донесувањето одлука за членување во одредена меѓународна организација и интеграција и да преземаат иницијативи за стекнување понатамошни знаења и учења, со висок степен на независност.
Содржина на предметната програма:
Меѓународните организации и интеграции, претставуваат „модел“ на меѓународна соработка што има за цел да направи глобални промени. Предметот ја анализира организациската структрура, целите, како и предностите и недостатоците од функционирањето на најголемите меѓународни организации: Организацијата на обединетите нации, Меѓународниот монетарен фонд, Светската банка, Светската трговска организација, како и останатите значајни организации во различни области на делување. Целта на овој предмет е да се потенцира значењето и улогата на меѓународните организации и на регионалните интеграции во светската политика што е предмет на постојани промени. Исто така, се потенцира регионалното економско интегрирање, при што Европската унија се јавува како носечки столб на европските интеграциони процеси.
Меѓународни организации и интеграции – предметна програма 2022/23